По предлогот на Заев

Горан Милевски од ЛДП за предлогот на Заев: Ние на таква свадба не присуствуваме

Ако си се сакаат, нека си се земат - ЛДП на таква свадба нема да присуствува“, напиша Горан Милевски, претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа по најавата за можна широка Влада која ја најави премиерот Зоран Заев.

„Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, а со господинот Мицкоски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема, нека го тргнат и Заев, само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот!“, изјави вчера Заев.

Најпрво Али Ахмети, лидерот на ДУИ не го прифати овој предлог, а потоа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека не прави пакт со криминал и криминалци.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе