Гонзалес Лаја: Шпанија ја поддржува Северна Македонија за членство во ЕУ

Министерката за надворешни работи на Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја ја изрази шпанската поддршка за пристапување на Северна Македонија во Европската унија, објави шпанското МНР по нејзината средба со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

„Министерката Аранча Гонзалес Лаја ја понуди поддршката и искуството на Шпанија за унапредување на процесот, во области како што се судскиот систем, владеењето на правото, зелената агенда или дигитализацијата“, објави шпанското МНР на „Твитер".

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот Димитров, денеска од Брисел замина  во посета на Мадрид. Ова е прва посета на Кралството Шпанија на премиерско ниво. 

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе