петок, 1 мај 2026

Големи пропусти во МВР и МНР во скандалот со приведените македонски дипломати во Врање

Објавено на

часот

Сподели

Во 2018 година тогашниот премиер на Ерменија Никол Пашинјан го разрешил амбасадорот Левон Саркисјан од дипломатските задачи поради сомневање за големи даночни затајувања. Левон Саркисјан е помал брат на поранешниот претседател Серж Саркисјан. Властите на Ерменија воделе голема истрага против Левон Саркисјан, заедно со неговиот син Нарек и ќерката Ани, за можно затајување данок и незаконско збогатување. Истрагата се водела за работата на една ерменска компанија за недвижности (ЈLJ Project Company) во која Левон Саркисијан поседувал 40 отсто од акциите преку неговата добротворна фондација „Пјуник“, а неговиот син Нарек 20%.

Откако преку фалсификаторот на пасошот се дознало како Левон всушност ја напуштил Ерменија (со помош на македонските дипломати), целиот случај добива и меѓународни рамки, а Интерпол распиша неколку потерници.

Три години потоа, македонската јавност првпат дознава за овој случај, иако македонските власти биле информирани преку Интерпол и преку дипломатските служби. Се отворија неколку прашања. Зошто во 2018 година, кога министер за надворешни работи беше Никола Димитров не ги поништија дипломатските пасоши на тројцата дипломати на Министерството за надворешни работи со кои беше извршено кривичното дело „помагање на бегалец од правда“, за кого е распишана и меѓународна потерница од Ерменија? Дали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го известил јавниот обвинител за меѓународната криминална активност извршена од тројцата вработени во Министерството за надворешни работи ? Зошто јавниот обвинител на Република Македонија не презеде мерки за да открие уште колку кривични дела сториле тројцата дипломати со злоупотреба на дипломатските пасоши од 2018 година до денес? Зошто безбедносните служби не презеле ништо во однос на сертификатите за национална безбедност (ЕУ и НАТО) пред истекот на важноста на тројцата дипломати? Како е можно лица под меѓународен прогон да бидат избрани за мисии во странство? Како актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи го потпишал решението за испраќање на Миле Миленкоски за дипломат во ОБСЕ Виена?

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ