Еко активизам

Голем еколошки марш за чист воздух

Голем број граѓани од сите возрасти, како и претставници на 40-тина граѓански здруженија кои се дел од т.н. „Зелен Фронт" излегоа пред Владатa на протестен марш за чист воздух.

Жителите на главниот град излегоа на „Марш за нашите животи! СТОП за 3.500 жртви од загадениот воздух!“  и потсетија дека на надлежните на 31. декември им истекува  првиот рок за исполнување од нивните над 100 барања за чист воздух.

Со транспаренти на кои пишува „Дајте воздух", „Долу профитери“, „Други се богатат, ние се труеме", „Нема воздух, нема мир“ граѓаните во 17 часот тргнаа од пред Министерството за животна средина и се упатија пред Владата.
„Остануваме на улиците за да ги потсетиме надлежните на нашите барања, затоа што ова е прашање на живот или смрт, кое не смее да чека повеќе ниту момент!”, велат од „Зелен Фронт".

Од „Зелен Фронт" се децидни дека од ден на ден се борат за живот.
„Умираме илајдници годишно од загаден воздух. Мутираме, пренесуваме на поколенијата болести поради сеопфатната загаденост во која живееме, во која се раѓаат нашите деца. Белите дробови ни се зацрнети, иако не сме сите пушачи. Живееме во време на еколошка катастрофа", порачуваат тие.

Во пресрет на денешниот еколошки марш ученици од повеќе средни училишта во земјава утрово ја бојкотираа наставата како форма на револт против високото аерозагадување. И покрај бројните закани и заплашувања кон учениците и бројните реакции во јавност и младите се приклучија на маршот.  

Кон крајот на минатиот месец 30-тина граѓански здруженија од цела Македонија и илјадници луѓе беа дел од најголем еколошки протест во земјата досега. O2 Иницијатива, Не Биди Ѓубре, Скопје Смог Аларм, Билка, Мој Воздух, Битола сака чист воздух, Eco Guerilla, Здравје пред профит во Центар се само дел од здруженијата и иницијативите кои ја предводат Зелената Револуција 

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе