„Отворен Балкан“

Го потврдивме нашиот капацитет за спроведување брзи и напредни реформи за регионална соработка, истакна Заев

После искреното добредојде од колегите од Албанија, ја започнуваме работната вечера на „Отворен Балкан", заедно со претседателот Вучиќ и со нашиот домаќин, премиерот Рама. Утре продолжуваме со работната агенда, на којашто ќе потпишеме повеќе договори за реални придобивки и добробит на нашите народи, напиша премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук, во пресрет на утрешниот седми состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Во македонската делегација, што ја предводи Заев, се замениците министри за финансии Димитар Ковачевски и за земјоделство Трајан Димковски, како и голем број стопанственици.

„Од првата средба во Скопје во јули до првото потпишување на договорите коешто ќе се случи во Тирана, покажавме дека силната политичка волја може да се трансформира во брзо функционирање на нашите институции. Со тоа го потврдуваме нашиот капацитет како земји за спроведување брзи, ефикасни и напредни реформи и политики за регионална соработка“, истакнува Заев.

Како што јави дописничката на МИА од Тирана,  македонската и српската делегација, предводени од Заев, односно претседателот Алекандар Вучиќ, вечерва во Елбасан  беа пречекани од домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама и вицепремерот Арбен Ахметај и министри од владата.  Делегациите, особено српската, во Fish City пристигнаа под силно полициско обезбедување, Големи полициски сили има на поширокото подрачје околу објектот, каде е неформалната вечера.

Според Ора њуз, на вечерата присуствувал и Александар Сорос, син на милјардерот Џорџ Сорос, кој е голем пријател на Рама. Тој во Елбасан пристигнал со приватен автомобил.

Според официјалната агенда, утре во 9 часот делегациите треба да прстигнат во Палатата на бригадите во Тирана, по што во 9:05 ќе има средба Рама-Заев-Вучиќ.

Во 9:30 почнува состанокот на кој прв ќе се обрати домаќинот, Рама, потоа Вучиќ, па Заев како и Комесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, како и директор на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек. По потпишувањето на петте договори за во 13 часот е најавена заедничка прес конференција.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе