Избори во Тетово, Маврово-Ростуше и во Центар Жупа

Гласањето се одвива нормално, поднесени пет приговори, изјави портпаролката на ДИК

Гласањето започна на сите избирачки места во општините Тетово, Маврово - Ростуше и во Центар Жупа, информира портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска. Таа соопшти дека до 9 часот утрово поднесени биле вкупно пет приговори за заштита на лично избирачко право, од кои четири во Центар Жупа и еден во Тетово. „Сите приговори се прифатени“, рече портпаролката. До 9 часот во општина Маврово-Ростуше излегле 549 гласачи или излезноста е 5,52 отсто, а во Центар Жупа излегле 407 гласачи или 5,69 отсто.

Во Тетово до девет часот од обработени 94 избирачки места гласале 1.755 гласачи додека останатите избирачки места се во обработка.

Гугучевска информира дека изборите ги следат 49 акредитирани набљудувачи од една домашна и од една странска организација.

Ппретседателот на ДИК и членови на комисијата се наоѓаат во Тетово и тие со првични согледувања ќе се произнесат по 11.30 часот.

Во текот на вчерашниот ден гласале вкупно 93 болни и изнемоштени лица и 94 гласачи кои се на издржување казна затвор или во притвор во пет казнено-поправни установи.

Во Тетово се гласа за избор на нов општински совет откако пролетоска беше распуштен Советот бидејќи не беше изгласана завршната сметка на Општината.

Во Маврово-Ростуше и во Центар Жупа се гласа на повторени избори за избор на градоначалник, бидејќи претходно немаше доволна излезност од барем една третина од запишаните избирачи.

Во Маврово Ростуше се гласа за двајца кандидати, додека во Центар Жуп само за еден кандидат. Втор круг нема да има во двете општини имајќи предвид дека се пријавени само еден, односно двајца кандидати за градоначалници.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе