Оценка на ДИК

Гласањето без проблеми, во дијаспората гласале 38,51 отсто, се чекаат САД и Канада

Денешното гласање помина мирно, тековно и без проблеми, оцени Државната изборна комисија по завршувањето на гласањето на затворениците, изнемоштените, раселените, лицата во куќен притвор и дијаспората, освен во САД и Канада.

Најголема излезност до 18.30 часот е забележана во дипломатско-конзуларните претставништва во Берлин (64,47 отсто), Букурешт (64,29 отсто), Загреб, (61,11 отсто) Сараево (61,70) и Хаг (60 проценти). Според податоците на ДИК, најмала излезност за време на гласањето на претседателските избори во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија до 18.30 часот е регистрирана во Венеција (26,55 отсто), Копенхаген (30,77 отсто), Абу Даби (30 отсто).

„Вкупната излезност во странство до 18.30 часот е 38,51 отсто, односно гласале 686 гласачи, а во оваа бројка не се вклучени шест избирачки места во САД и Канада”, ијави портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Овие гласачки места се уште се отворени и гласањето таму ќе се одвива до 19 часот по локално време. Инаку, за гласање на 32 гласачки места во дипломатските претставништва на земјава, се пријавиле 1.781 гласач.

Што се однесува до гласањето во казнено-поправните установи, во нив имаше 13 гласачки места, на кои можеа да гласаат 1.640 гласачи се затворени. Гласањето поминало без проблеми, а илезноста до 18.30 часот изнесува околу 55 отсто.

„Во текот на денешниот ден своето гласачко право го остварија и гласачите во единствениот Центар за раселени лица во кој се сместени седуммина гласачи”, рече Гугучевска. 

Прв пат гласале и гласачи во два дома за стари лица. Од 71, гласач, своето право го оствариле 70.

Гугучевска додаде дека денеска избирачките одбори го спроведуваат и гласањето на лица кои се болни и немоќни, како и на оние кои се во куќен притвор.

Во своите домови гласачкото право го остваруваат 3.539 граѓанин, кои се пријавиле како болни или немоќни и 12 кои се во куќен пртивор. Досега гласале  3.064 болни или немоќни и седум лица во куќен притвор. Ова гласање, според Гугучевска се уште трае, се додека сите кои се пријавиле не го остварат своето право.

Таа потсети дека е активен бесплатниот телефонски број 0800555444, на кој заинтересираните можат да се јават да постават прашање и да остават коментар до ДИК, заедно со своите податоци. 

Новина во комуникацијата за граѓаните со оштетен слух и говор, пак, е тоа што на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076 488-360, на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе