Предвремени парламентарни избори

Гласање во туѓо име, нудење поткуп, фотографирање... МВР постапува по неколку пријави за време на гласањето

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир и пријавени се неколку случаи за нерегуларности за време на гласањето по кои МВР постапува, соошти на прес-конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. 

Во избирачко место во ОУ „Петар Поп Арсов" во Скопје В. Ш. (47) го нарушил јавниот ред и мир со тоа започнал расправија со преставници на избирачкиот одбор и во еден момент ја потегнал за чантата претставничка на избирачкиот одбор и со неговиот мобилен телефон ја фотографирал просторијата. Лицето е лишено од слобода, за што е известен дежурен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство од Скопје за понатамошни насоки.

„Гласањето на другите избирачки места се одвива мирно, со почитување на протоколите на гласачките места, а од неправилности што се пријавени во МВР имаме неколку случаи на агитирање, испишани графити на избирачки места, организиран превоз на гласачи до гласачки места, а имаме и неколку пријави за наводно нудење пари за глас. Потенцирам, ова се добиени пријави по кои постапува МВР односно ја утврдува фактичката ситуација и откако ќе ги утврдиме фактите соодветно ќе ве информираме.

Во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар во Скопје било пријавено дека пред избирачки места во основните училишта „Цветан Димов" и „Даме Груев" биле испишани графити во врска со изборите, а графити биле испишани и на основни училишта на ул.„Коста Абрашевиќ",на ул.„Браќа Реџепагиќ" и на ул.„Петре Ѓорѓиев", кои се во надлежност на ПС Чаир. Исто така, во СВР Велес било пријавено дека во близина на избирачко место во с. Сирково, кавадаречко, биле испишани графити во врска со изборите.

Во полициската станица Крива Паланка се пријавени два случаи на организиран превоз за гласање, како и четири пријави за агитирање кон гласачи и тоа, на ул.„8-ми Октомври", на ул.„Јоаким Осоговски", како и во с.Узем и с. Нерав. Агитирање е пријавено и во СВР Струмица, во с. Пиперево и во Нов Дојран, а во село Самоилово едно лице упатувало закани кон друго лице да гласа за политичка партија. Во Полициското одделение Ново Село граѓанин пријавил дека едно лице од Ново Село одзело лична карта на друго лице и гласало во негово име.

Во Полициската станица Радовиш, Ф.В. од Радовиш пријавил дека Б.И. од Радовиш му нудел пари за глас, а во СВР Битола, Е.Е. пријавила дека непознати лица и нуделе пари за глас. Во СВР Битола било пријавено и дека полициски службеник, кој обезбедува избирачко место во училиште во село Дебреште, им кажувал на граѓаните кој број да го заокружат на избирачкото ливче. Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола.

Во СВР Тетово, пак, било пријавено дека во ОУ „Коста Рацин" во с.Брвеница, тетовско, имало неколку непознати лица кои ги запишувале граѓаните.

За сите овие настани се преземаат мерки за расчистување и по утврдување на фактите ќе ги презентираме во јавност “, додава Ангеловски. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе