По пребројувањето на гласовите

Гласачкиот материјал преноќи на игралиште, се чека транспорт до ДИК

Слика од спортскиот центар во Ново Лисиче. Гласачките кутии чекаат транспорт до Државната изборна комисија. Гласачкиот материјал во студената ноќ е чуван од претставници на Општинската изборна комисија во Аеродром и претставници на избирачките одбори, под будното око на неколку полицајци.

Како и секојпат кога има избори, по завршувањето на гласањето во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче во Аеродром, гласачкиот материјал со се кутиите се чува на отворено, на игралиштето во населбата попознато под името „Дупка“, а некои го викаат и по познатиот слоган -  „Ново Лисиче будало“.

Вообичаено рано наутро доаѓа превозот и со обезбедување заминува во Државната изборна комисија.

Дел од материјалот е однесен, а во 9 часот дел од кутиите и останатиот избирачки материјал уште чека превоз. Ноќта тука минала бавно, велат „чуварите“ на гласачката волја на избирачите. Среќа е што малиот спортски центар има и  апарат на „парички“ за кафе или чај.

Утрово тука помина и екипа на итната медицинска помош, откако беше алармирано дека на една претставничка на избирачки одбор ѝ се слошило.

Откако теренот ќе се „исчисти од изборите“ на игралиштето ќе втрчаат деца, но и повозрасни, за да изиграат можеби малку фудбал или баскет. Ако не заврне дожд.

П.Џ.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе