Гласаат болните и затворениците во Маврово Ростуше, Центар Жупа и Тетово

Почна гласањето за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на општина Тетово.

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека 93 лица денеска гласаат во своите домови што се пријавиле како болни или немоќни. Од нив 29 во Центар Жупа, 40 во Маврово и Ростуше и 24 во Тетово.

Денеска гласаат и 94 гласачи што се издржување казна затвор или се во притвор во некоја од казнено-поправните установи, и тоа во КПД Идризово 56 гласачи, во Затвор Тетово 23 гласачи, во КПД Штип двајца гласачи, во Затвор Струга еден гласач и во Затвор Скопје – Шуто Оризари 12 гласачи.

Гласачките места во казнено-поправните установи се отворени на време и гласањето тече без проблеми.

Гласањето во овие три општини ќе се одвива утре на 172 избирачки места, коишто треба да бидат отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 19 часот.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе