Со обвинување за злоупотреба на службената положба

Глас за Македонија бара оставка од Деспотовски

Партијата на Солза Грчева, Глас за Македонија, бара директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, итно да поднесе оставка на функцијата и против него да се покрене обвинение за злоупотреба на службената должност.

„Парите кои ги наменил за фирми на вицепремиерот и на пратеник од владејачкото мнозинство, не смеат да бидат исплатени. Ова е класичен пример на корупција во највисоките ешалони на власта, во ситуација кога Македонија води на сите светски скали за корупција. Никакви оправдувања не се уважуваат. Едноставно, додека се на функција и поради функциите не смеат да се богатат од народни пари кои им следуваат на вистински, а не на измислени иноватори. Развојот на овој корупциски скандал будно ќе го следиме, како и секој обид да се проневерат народни пари", велат од партијата.

Со ваквите постапки, велат од таму, оваа Влада само нè оддалечува од ЕУ, а притоа врши невиден притисок за прифаќање на срамен договор преку кој божем ќе не доближела до европските вредности.

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе