Десет години од излегувањето на првиот број во Тирана

Ѓурѓај: Весникот „Илинден“ е силна идентитетска поддршка на Македонците во Албанија

Поттикнување и одржување во континуитет на македонскиот јазик и идентитетот на Македонците во Република Албанија е главната цел на весникот на македонски јазик „Илинден“, вели неговиот главен уредник Никола Ѓурѓај и претседател на македонското здружение „Илинден“ - Тирана, кој изразува надеж дека нивните активности активности ќе бидат соодветно поддржани од државните институции на Албанија и на Македонија, како и од Македонците ширум светот. „Нема Бугари во Албанија, тоа е само срамна пропаганда“, нагласува тој.

Годината што ја испративме се карактеризираше со многу работа на планот на  македонското национално малцинство во Албанија, а еден од најзначените настани беше одбележувањето на десетгодишниот јубилеј на македонскиот весник „Илинден", вели Ѓурѓај.

Поради ковид-кризата годишнината не можела да се одржи во март, но затоа се одржала во октомври, а како што вели Ѓурѓај, досега се испечатени 47 броеви, а почнувајќи од март 2017 година, покрај печатената верзија весникот може да се следи и преку интернет-издание.

Во интервју за МИА тој вели дека во изминатиот период весникот имаше голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија и континуирано работи на заштита и афирмација на нивниот македонски етнички, јазичен и културен идентитет и традиција.

„Пред точно десет години, на први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник 'Илинден' како гласило на друштвото. Поради пандемијата, одбележувањето на настанот не можеше да се одржи во март, но затоа пак го одржавме на 9 октомври. Свеченоста се одржа во 'Реја' павилјон на галеријата 'Сепрентине' кој во 2013 година е проектиран од Соу Фујмното, познат јапонски архитект и се наоѓа во центарот на Тирана. На настанот присуствувa претставници од македонската Амбасада во Тирана, од мисијата на ОБСЕ во Тирана, претставници од руската Амбасада, како и албанскиот комесар за заштита од дискриминација, заменик претседателот на владиниот комитет за национални малцинства, претставници на здруженија на малцинствата во Република Албанија и претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, како и други гости“, вели Ѓурѓај.

Тој вели дека во изминатата деценија, весникот предизвикал голем интерес кај македонската читателска публика во Албанија, во татковината Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во светот.

„Може да се пофалиме дека досега имаме испечатено 47 броеви, а почнувајќи од март 2017 година, покрај печатената верзија весникот може да се следи и преку интернет-издание: www.vesnik-ilinden.com На тој начин нашиот весник стана достапен за целокупната јавност, како за сите Македонци во Албанија, така и во регионот и цел свет. Исто така, од септември 2017 година, весникот е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN 2522-6282 (online) и ISSN 2522-4514 (print) и е дел од двата најголеми читани вести и клиентска датотека во Македонија: grid.mk и daily.mk. Во истовреме весникот е достапен во Националната библиотка во Тирана, во Националната и универзитетска библиотека 'Св. Климент Охридски' – Скопје, како и во библоотеката на Македонската академија на науките и уметностите.

Ѓурѓај вели дека како единствен печатен весник на македонски јазик во Албанија мисијата е да го поттикнува и одржува во континуитет на македонскиот јазик и идентитетот на Македонците во Република Албанија.

„Остануваме со вербата дека нашите активности ќе бидат соодветно поддржани од државните институции на Албанија и на Македонија, како и од Македонците ширум светот. Во изминатиот период весникот имаше голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија и континуирано работи на заштита и афирмација на нивниот македонски етнички, јазичен и културен идентитет и традиции. Вредно е да се спомне дека многу од македонските и светските информативни гласила користат податоци објавени во весникот  На тој начин, за многу значајни настани од животот на Македонците во Албанија, се информира пошироката светска јавност“, нагласува главниот уредник.

Статус на национално малцинство на Македонците е признато, но само во регионот на Мала Преспа и Врбник, од каде доколку се иселат во друг дел на Албанија, тоа право го губат. На прашањето дали може да се очекува промена во поглед на статусот на малцинството, Ѓургај вели:

„Македонско национално малцинство по падот на комунизмот во 1991 година почна да се организира во здруженија исто време и почна барањата за признавање на Македонците во Голо Брдо, Гора и цела територија на земјата, како што беше признато во Мала Преспа. Како што е познато и во комунистичкиот период во Мала Преспа, македонското национално малциство беше признаено. И покрај нашите напори, до денес тоа не е случај. Но, тоа не значи дека Македонците во другите делови на Албанија не се изјаснуваат како Македонци и не реагираат кога некој ќе им го оспори или нападне нивното национално чувство“.

Тој нагласу дека деновите пред новогодишните празници бугарските пропагандисти во Република Албанија пројавија нова „потрага“ по  Бугари во селата во Голо Брдо.

„Но, нема Бугари. Македонците од Голо Брдо ја осудуваат оваа подла и необјаснива акција на бугарската Aмбасада во Тирана и упатија порака во која јасно се отсликува македонското чувство на Македонците од Голо Брдо, во која порачуваа дека отсекогаш биле Македонци и никогаш нема да бидат Бугари. Ние сме жители со достоинство и горди сме што сме Македонци со векови, порачуваа Македонците од Голо Брдо до светот. Повторувам дека во Албанија, ниту имало ниту има Бугари, ние сме Македонци. Можеби некој добил бугарски пасош, што единствено е од економски причини, а тоа што бугарското малцинство беше вметнато во законот за малцинства беше под уцена на Бугарија за европската интеграција на Албанија и ништо друго. Колку Бугари има во Албанија потврдија изборите во Бугарија, кога беа пријавени да гласаат само вработените во Амбасадата во Тирана. Сликата е сосема јасна“, вели Ѓурѓај.

 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе