ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорѓиевски: Напаѓач близок до СДСМ избол со нож две лица, еден се бори за живот

Пред недела дена во кафе бар во Драчево од страна на лице блиско до власта како последица на банална расправија се избодени со нож две лица, од кои едното се бори за живот, изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека оваа информација со јавноста е споделена неколку дена по случката.

„Настанот се случил на 7 октомври, а во билтен на МВР е објавен на 10 октомври. Цели три дена подоцна. Нападнатите кои се здобиле со тешки телесни повреди по настанот се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Едно од лицата кое што се борело за живот и има тешки телесни повреди, кои се животно загрозувачки. МВР под контрола на Спасовски реагирала цели три дена по случајот, при што до ЈО поднело кривична пријава за насилство, а не за обид за убиство. Оливер Спасовски мора да одговори кој и зошто го криел настанот цели три дена? Кое е лицето напаѓач и дали неговата блискост со СДСМ е причината за односот на полицијата кон овој случај?”, вели Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски, безбедносната состојба е драматично нарушена, а власта не може да воспостави контрола и да ја гарантира безбедноста на граѓаните туку се обидува преку медиумски мрак да ги сокрие случаите од пошироката јавност.

На 10 октомври од МВР информираа дека СВР Скопје до ОЈО поднесе кривична пријава за насилство против Е.Р.(23) и А.Т.(21), двајцата од Скопје.

„На 7-ми октомви во 22.30 часот, во кафе бар на улица Иван Хаџи Николов во Скопје, додека сопственикот Д.С. седел со А.П, дошле пријавените Е.Р. и А.Т. и ги нападнале. Во нападот на Д.С. и на А.П. им биле нанесени повреди со нож во градите. Нападнатите се здобиле со тешки повреди по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза". По настанот, сторителите биле приведени и задржани во полициска станица", стои во билтенот на МВР.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе