Македонско-бугарска комисија

Ѓорѓиев: Продолжуваме со преговорите и за Гоце Делчев без разлика што се случува на политичко поле со Бугарија

Никој ништо нема да жртвува во преговорите со Бугарија, тие ќе продолжат во Комисијата без разлика што се случува на политичко поле. Ние сме академска комисија и од тој аспект ќе продолжи нашата работа без премногу да се фокусираме на тоа што се случува во политиката, изјави вчера историчарот Драги Ѓоргиев кој е на  чело на нашиот тим во Македонско-бугарската експертска комисија.

Прашан дали има најава да се надминат најголемите разлики досега, тој истакна дека веќе три состаноци се разговара за тоа.

„Ќе продолжиме и понатаму со тоа, а штом разговараме верувам дека има простор да се најде решение. Може да се најде решение со добра волја од двете страни. Разговорите ќе кажат какво ќе биде тоа решение. Реков дека нема да има жртви ниту на едната, ниту на другата страна, а доколку условно кажано има  жртви историски на едната или другата страна тогаш не е постигнат договор. Мора да бидат двете страни еднакво задоволни од тоа што ќе се постигне“, изјави Ѓоргиев.

Прецизира дека се преговара во однос на чествувањето на Гоце Делчев и додаде дека ќе продолжат со преговорите.

„Таму има неколку текстови што ги усогласуваме. Пречка настана повеќе околу некои формулации што ја тангираат повеќе современоста отколку минатото. Индиректно преговараме и за проблемите што произлегоа последниов период околу македонскиот јазик…, но не на тој начин како што се афирмира деновиве“, потенцира Ѓорѓиев. 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе