„Простување, но не заборавање”

Ѓоргиев: Со тврд и уценувачки став од Бугарија нема да има резултати

Изјавата на премиерот Зоран Заев за бришење на придавката бугарски од фашистички окупатор на спомениците и во учебниците, е порака до Бугарија дека за историско помирување помеѓу двата народа треба да се разговара, вели историчарот Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим во заедничката македонско – бугарска Комисија за историски и образовни прашања. Според него, вистинските зборови се „простување, но не заборавање”.

Ѓоргиев за ТВ Сител изјави дека неприфатливо е наметнување на бугарскиот историски наратив над македонскиот. Во овој случај науката мора да ја победи политиката, но со ваков тврд и помалку уценувачки став на Бугарија нема да постигнеме резултати, ако продолжат уцените за отворање на вратите за нас. Тој пат, како што вели, мора да биде двонасочен.

„Кога станува збор за т.н. политики на сеќавање на една нација за своето минато тогаш за носењето решенија за таа политика, сеќавање кое обично се сведува на она што пишува на спомениците и како јавноста го перцепира тоа минато, видено преку очите на политиката, тогаш потребни се многу дебати, разговори, потребен е консензус во јавноста да се донесе одредена одлука на кој начин ќе биде претставен одреден настан или личност од минатото. Оваа изјава на нашиот премиер јас не ја гледам како изјава која веднаш ќе биде спроведена и со која веднаш од утре ќе се тргне на терен да се бришат некои придавки од она што е досега востановено. Повеќе ја гледам како обид, порака до другата страна дека во однос на историското помирување помеѓу македонскиот и бугарскиот народ треба да се разговара, треба да се разговара за сите болни прашања кои постојат меѓу нас и нив и дека тоа е решението да дојде до помирување”, рече тој. 

На прашањето, дали ова значи да си простиме, но да не заборавиме, историчарот одговори дека  апсолутно тие се вистинските зборови „простување, но не заборавање”.

„Тоа се повеќе пораки отколку најави. Ако кажеме само фашистичка окупација, треба да имаме предвид дека имало и италијанска фашистичка окупација… Затоа треба да се разговара, со цел да најдеме јазик со кој ќе се помириме, но нема да ја менуваме историјата. Никој не може да негира дека Бугарија дел од коалицијата на фашистичка Германија и Италија и Франција. Никој не се ни обидува да го прави тоа што не може да се избрише ни од меоријата, ни од учебниците. Но треба да се најде разумен јазик за помирување, а тоа помирување неминовно оди преку историјата. Треба историјата да ја доведеме на ниво да биде прифатлива, без да влијаеме на фактите и на документите“, рече Ѓоргиев.

Тој вели дека за ова прашање немало официјални разговори меѓу членовите на двете комисии туку дека понекогаш за време на паузи се случувало да се поттикне тоа прашање. Главниот проблем овде, според него, „е што во бугарската историографија и гледање на минатото на Македонија, преовладува мислењето дека Македонија е историски бугарска земја”.

„Тоа е присутно и во учебниците во Бугарија и ние тоа го нотиравме и го дадовме како забелешка која треба да се промени и да се измени во уебниците во Бугарија. И оттука произлегува ставот и на сегашната бугарската историографија и политика дека Бугарија не може да биде окупатор на земја која според нивното гледање на минатото историски е бугарска земја. Затоа тие себе си се гледале или како ослободители на оваа територија, бугарска според нив, или како админстратори. Затоа зборот окупатор за нив е оној болниот збор кој не може да го прифатат”, рече Ѓоргиев.

 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе