Реакција

Ѓоргиев и Тодоров: Нерешавањето на историскиот спор со Бугарија е загуба и за двата народи

Кога политичарите велат дека Договорот за добрососедство е потпишан и се имплементира заради европската иднина на регионот, тогаш треба навистина да покажеме дека тоа го правиме заради европската иднина и на европски начин. Сепак, дури и да не постои европскиот контекст, спорот мора да се реши, пишуваат во колумна за Дојче веле историчарите Драги Ѓоргиев и Петар Тодоров, членови на Комисијата за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија по повторното актуелизирање на работата на ова експертско тело.

„Нерешавањето на ова прашање значи огромна загуба и за двете држави и за двата народи. Но, да повториме: надминувањето на спорот не може да се постигне преку негирање на посебноста на Другиот, преку ревизионистичкиот пристап на историјата или преку премолчување на делови од минатото, туку преку самокритика на сопствените национални историски наративи, преку соочување со болните теми од минатото и меѓусебно почитување. Токму тоа е европски и современ пристап во надминување на старите и анахрони поделби. Само така може да дојдеме до надминување на овој апсурден, но, очигледно, по многу нешта тежок спор.

...Уште од декември 2019 година во Република Бугарија од страна на некои од членовите на бугарскиот тим во Комисијата, од бугарската влада и од некои бугарски политичари со отворен ревизионистички пристап кон историјата, сме обвинувани дека Македонците еднострано ја прекинале работата на Комисијата и дека ја политизирале нејзината работа. Уште повеќе, тие обвинувања и невистини се изнесени и во Брисел, во контекст на носењето на одлуката за започнување на преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ. На оваа невистина и обвинување, веќе како по правило се надоврзуваат и колективните обвинувања дека „Македонците ја фалсификуваат историјата“ и дека треба да ја „признаеме бугарската историска вистина“. Притоа, овие обвинувања се со цел бугарската страна да излезе како „победник" во повеќедеценискиот спор. „Победата“ значи наметнување на тезата дека географскиот регион Македонија  историски е бугарски, а Македонците се Бугари, но дека истите поради одлуките на „лошите“ комунисти во 1944 година станале Македонци. За иронијата на историјата да биде поголема, дискурсот за Македонија кој денеска се користи во европска Бугарија е, всушност, силно повлијаен од политиките на комунистите на чело со Тодор Живков и неговите наследници. Ова селективно и политизирано разбирање за Македонците и Македонија го објаснува и инсистирањето од бугарска страна да ја прифатиме „заедничката историја“, која започнува во IX век и трае до 1944 година. Притоа, поимот „заедничка историја“ се заснова на верувањето дека станува збор за единствена и во времето скаменета историја на само еден народ, бугарскиот народ чиј неотуѓив дел се Македонците. Ова тврдење тешко може да најде поткрепа во било која современа теорија за прашањата на етничките и националните идентитети“, велат во колумната Ѓоргиев и Тодоров.

Членовите на македонскиот дел од експертската комисија реагираат на Изјавата на Бугарија во која се условува интеграцијата на Македонија во ЕУ, гласвно со познатите историски прашања меѓу двете соседни земји и на денешните изјави на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во интервјуто за МКД.мк.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе