Член на експертската група

Ѓоргиев: Бугарите уште од почетокот велеа дека мора да го признаеме Делчев за Бугарин

Професорот Ванчо Ѓоргиев од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, кој е и член на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, вчера изјави дека уште лани, на првата средба на комисијата, бугарската страна се заканувала дека мора да се прифати оти Гоце Делчев е Бугарин, во спротивно ќе има вето за Македонија.

Во старт се судривме и соочивме со скандал, изјави Ѓоргиев на гостувањето на 1ТВ.

„Станува збор за работен документ, предлог од македонскиот дел од комисијата за чествувањето на Делчев. Станува збор за крајно непрофесионален и неодговорен однос од колегите од другата страна штом документот се изнесува надвор до политички партии. Ова не било од незнаење, туку тенденциозно за да се побара помош од политиката“, вели професорот Ѓорѓиев.

„Реакцијата на датумот 7 октомври, ми се чини мене, а и на другите членови на комисијата, дека е само димна бомба за да се прикријат другите нешта и да се сканлдазираат другите суштински прашања, следејќи го Илинденското востание, сите други револуционери, па и периодот потоа до 1944, бидејќи тие границата ја ставаат тука, ние од тука постоиме како претходно да не постои ништо. Ниту еден народ не може да постои ако нема процес, нациите се конструкција и секоја има развоен процес. На првата средба на комисијата почнаа непристојните закани: Гоце Делчев е Бугарин и ако не го прифатите тоа ќе има вето. Во нивниот предлог за Гоце Делчев ниту еднаш не се споменува Бугарин, туку на индиректен начин се споменува дека потекнува од бугарско семејство, учи во бугарско училиште… На последната средба, која беше потензична, на крајот е утврдена агендата за следната средба. Се сомневам дека ќе се држиме до агендата затоа што слушнав дека едни од нив бараат радикализација, други повлекување од комисијата, а трети се за вето“, вели Ѓоргиев.

Професорот го раскажа и процесот на префрлување на моштите на Гоце Делчев од Бугарија во Македонија и целата атмосфера во таа 1946 година, која денешните бугарски политичари ја доживуваат како предавство од страна на комунистичките власти. Тогаш во бугарскиот печат се пишувало дека „моштите на големиот македонски револуционер Гоце Делчев се пренесени во Скопје, главниот град на земјата за која тој го даде животот“, а на саркофагот уште во 1923 година се заколнале идните поколенија моштите на Гоце Делчев да почиваат во престолнината на независна Македонија.

„Идеалот на соборците од Илинденското востание е моштите на Гоце Делчев да почиваат во главниот град на независна и слободна Македонија, што го пишува и на саркофагот од 1923 година кој бил специјално изработен кога моштите на Делчев биле пренесени во домот на Илинденската организација во Софија. Прогласувањето на независна Македонија во 1944 им значеше многу на борците од Илинденското востание и почнуваа да зборуваат дека време е моштите на Гоце Делчев да бидат пренесени во Скопје, но и дека е време за обединување на Македонија. Прашањето за пренесување на моштите се активира повторно во 1946 година и почнуваат преговори меѓу Илинденската организација од Софија, а потоа се вклучуваат и владите. Тогаш македонските атрибути се целосно признати од бугарската држава. Конечно сите подготовки се завршени и се стигнува на седми октомври да се потпише протоколот. Официјални потписници се претставници на Илинденската организација во Софија и двајца министри од македонската влада. Присутен бил и претседателот на Бугарија. Наредниот дел моштите тргнуваат за Скопје и намерно минуваат низ Пиринскиот дел на Македонија. Ние го одбравме тој датум за да биде симбол на зближувањето и соживотот на двата народа, целосно европски. Го предложивме за ден за пријателство меѓу Македонија и Бугарија. Секој кој ќе ги слушне противаргументите на другата страна за овој предлог ќе се смее“, истакна Ѓоргиев.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе