кабинет на претседателот

Ѓорге Иванов му го врачи мандатот на Емил Димитриев (ФОТО)

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечерва во вилата Водно во Скопје му го врачи мандатот на новиот мандатар Емил Димитриев, досегашен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Иванов на Димитриев само кратко му порачал „среќно“.

Се очекува вечерва Димитриев да биде избран за нов премиер и да се избере новата влада.

Димитриев ќе биде премиер до предвремените парламентарни избори до 24 април, во согласност со договорот од Пржино.

Собранието вечерва ја усвои оставката на премиерот Никола Груевски, а во тек е седницата за распуштање на актуелниот пратенички состав.

Постоењето на три етнички јавности и една, условно речено граѓанска, која постои само во поголемите градови каде што Бошњаците се мнозинство, предизвикува длабоко поделен медиумски простор.

повеќе

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе