„Македонија ги живее најтажните и најцрните моменти од своето постоење како држава. Македонија денеска има 3.200 мртви, 3.200 починати луѓе. Но, кога ќе ги погледнеме бројките по градови стануваме свесни за размерите на ужасот и катастрофата која што ни се случува.Во Скопје веќе имаме 1.020 починати луѓе. Бројките се речиси исти како скопскиот земјотрес, тоа е ужасот и трагедијата која што ни се случува“, рече Ѓорчев.
Тој ги наброја и Битола со 156 починати лица, Охрид со 138 починати, Прилеп 264, Велес 112, Штип близу 100, во Струмица 115, Кочани 50 и Куманово со 213 починати.
„Ова не се само бројки, ова се семејства, ова се луѓе, ова се судбини. Ова се црните и катастрофалните бројки од неспобноста на Зоран Заев, Венко Филипче и нивните министри. Време е за одговорност и време е за оставка“, рече Ѓорчев.