За претседателските избори

Ѓорчев уште некандидиран се „умори“ од броење на 500.000 гласови на 21 април

Има моменти во животот кога човек треба да го искористи целото свое искуство, целото свое знаење и познанства во функција на народот и државата. Вака пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев најави на прес-конференција дека се кандидира за претседател на државата, мислејќи веројатно на пријавување на партискиот оглас за пријавување кандидати од кои потоа на конвенција на партијата ќе биде избран кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Објавувам и кажувам дека се кандидирам за претседател. Имам искуство, мотивација, знаење, чесност и лојалност. Ја знам цела Македонија и ќе појдам во секој град, секој дом, кај граѓаните на република Македонија. И ќе ја побарам вашата доверба зашто се надевам и мислам дека сум ја заслужил“, рече Ѓорчев пред новинарите.

Во објаснувањето за неговата одлука тој кажа дека, како што ја нарече, апсолутистичката власт, треба да има баланс и дека не смее да се дозволи СДСМ и Зоран Заев даги  узурпира сите институции во државата.

Ѓорчев додаде дека сега бил мотивиран повее од кога било и се заблагодари на огромната поддршка што ја имал, додека со скептичните повеќе ќе се објасни во наредните три месеци.

Притоа им се обрати на „сите кандидати од СДСМ“.

„Директно им велам на сите кандидати од СДСМ на 21 април ве чекам јас но и најмалку 500 илјади граѓани на Република Македонија. Ќе ја вратиме надежта на Македонија

Во 9-10 навечер заедно ќе броиме ‘победа во Скопје, Битола, Охрид, благодариме Штип, Крива Паланка...‘. Ќе бидеме уморни од пола саат набројување каде сме победиле. Во првиот круг ќе ја најавиме победата во вториот круг. Не прифаќам пораз“, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека не се грижи кој ќе биде кандидат од СДСМ, „тие нека му ја мислат“.

Во обраќањето ги повика сите граѓани во Македонија заеднички да ги поразат СДСМ и Заев.

„Имам и студена глава и разум и срце за Македонија. Се обраќам до македонскиот народ, до мојот сакан, сакан, сакан македонски народ, до членството и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ. Знам што ве боли, на никого во Македонија не му е лесно. Но, борбата за Македонија никогаш не запира, никогаш, никогаш, никогаш нема да се предадеме“, изјави Ѓорчев.

 

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе