Ѓорчев: Никогаш немало помалку бебиња во историјата на Македонија, владата води антисемејна политика

За време на оваа влада Зоран Заев и Мила Царовска 2108 година, минатата година е година со убедливо најлош, најкатастрофален наталитет и демографија во историјата на Македонија и никогаш, никогаш во историјата на Македонија немало помалку бебиња, обвини денеска на прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во 2018 година родени се 21.333 бебиња тоа е најлош резултат откако има статистика и демографија во Македонија наназад 70 години. Ако направите споредба на 2016 година последната година на владата на ВМРО-ДПМНЕ со минатата 2108 година ќе дојдете до податокот дека бројот на бебиња, на живородени деца во Македонија е намален 23.002 бебиња на 21.333. Бројот на бебиња за време на оваа влада на Заев и Царовска е намален од 2106 година од 23.002 бебиња на 21.333. Тоа е фрапантен пад, рецесија од 7,3 проценти.

Ова е врвен доказ дека во Македонија не дојде живот, дека она што демагошки Заев и превенцијата на СДСМ велеа за живот во Македонија, стана парола за живот во Шведска, за живот во Германија, Канада, секаде низ белиот свет.

Ова е пораз и фијаско на политиките на Зоран Заев и Мила Царовска кој што го укинаа надоместокот за трето дете, кои што водат антисемејни политики“, рече Ѓорчев.

Според него, фрапантни и загрижувачки се бројките на учениците во уписите.

 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе