Ѓорчев: Македонија станува пуста земја, лани само во Германија заминале 10.000 граѓани

Фрапантен и страшен е податокот што го кажа вчера германскиот заменик амбасадор, Ото Граф дека лани околу 10.000 лица добиле работни визи за Германија, што значи дека само лани, само во Германија си заминале 10.000 граѓани од Македонија, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. 

„Тоа е буквално пораз на сите владини политики. Ако на тоа се додаде и бројот на иселени во Канада, во Австралија, во Америка, во скандинавските земји, во Австрија, во Малта, на Блискиот исток, во Словенија, во Хрватска, во Швајцарија, доаѓаме до податокот и заклучокот дека на Македонија и се случува невиден егзодус како никогаш во досегашната историја и Македонија буквално станува пуста и празна земја”, изјави Ѓорчев.

Тој додаде дека ќе каже уште еден, како што го нарече, алармантен податок, односно дека во 2019 година се срушени сите негативни рекорди кога станува збор за родени бебиња во Македонија.

„Во 2016 година во првите три квартали родени се 17.400 бебиња. Во 2019 година во првите три квартали за време на заевизмот бројката изнесува најлоши и најмали во историјата 14.600.

Тоа е рецесија и пад на животот од фрапантни 16%. Пробиени се сите негативни рекорди во број на ученици во училиштата, во број на ученици во средни училишта како и пробиени рекорди на заминати лица”, изјави Ѓорчев.

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе