Пред утрешната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорчев: Јас како претседател и идниот премиер Мицкоски ќе одиме низ цел свет за да привлечеме инвестиции

Пред утрешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ што ќе се одржи во Струга и на кој ќе биде избран кандидатот на партијата за претседателските избори, пратеникот Влатко Ѓорчев, кој се пријави на партискиот оглас, на неговиот Фејсбук профил напиша дека се надева оти ќе биде избран за кандидат.

Ѓорчев вели дека има бесконечна доверба во членството и делегатите на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се надева дека ќе биде избран за кандидат.

„Секој резултат ќе го почитувам. Секој претседателски кандидат избран на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја има мојата целосна поддршка. Од понеделник тргнуваме заедно да ги поразиме Заев и СДСМ“, пишува тој.

Ѓорчев, исто така ја потврдува неговата поддршка за претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, кој, според него, е нивниот „кандидат за премиер на следните парламентарни избори, а потоа мандатар и претседател на Владата на Република Македонија“.

„Како претседател на Република Македонија, после првиот ден со Мицкоски како премиер, ќе иницирам повторно основање на тимовите за странски инвестиции.

Ќе го вратиме времето кога во Македонија се отвораа фабрики и погони секој месец. Како претседател, подготвен сум со идниот премиер Мицкоски заедно да појдеме низ целиот свет за да привлечеме нови инвеститори и да се отвораат нови работни места.

Да расте стандардот и да ги задржиме младите. Заеднички и сплотено ќе се бориме за подобра Македонија. Да победиме заедно. За Македонија“, пишува Ѓорчев.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе