Од штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорчев: Имаме градоначалници во многу општини, а Арсовска води во Скопје

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ вечерва изјави дека кандидатите за градоначалници на неговата партија уште во првиот круг победиле во Јегуновце, Могила, Сопиште, Градско, Петровец, Виница, Карбинци, Зрновци, Илинден, Босилово, Новаци, Свети Николе и во многу други општини од источниот дел на Македонија. Тој нагласи дека извесно е оти ВМРО-ДПМНЕ има победа во првиот круг и во Кратово, Штип, Прилеп, Велес и во Кавадарци, а дека Данела Арсовска која е поддржана за градоначалник на Скопје, е во водство.

„Данела Арсовска вод и во многу населби во Скопје во кои живеат Албанци, Бошњаци или Турци, битката за првото место во Скопје ќе продолжи во вториот круг зашто имаше многу кандидати“, рече Ѓорчев.

„Имаме огромно водство во Кисела Вода и во Аеродром, а веројатно, покрај во овие општини, ќе имаме победа во првиот круг и во Гази Баба", рече Ѓорчев и оцени дека во водство партијата е и во Карпош.

Ѓорчев рече дека дека во три општини од струмичкиот регион се во водство, покрај во Босилово, каде имаат победа во првиот круг, дека водат во Василево и Ново Село и напомена дека не се знае се уште каде од овие две општини ќе имаат градоначалник веднаш во првиот круг.

„И покрај сите притисоци и покрај случувањата со РЕК Битола, победивме во Новаци. Таа победа многу ни значи, зашто состојбите со енергетиката се катастрофални. Итно е потребна нова влада, зашто со овие неранимајковци земјата не може да оди напред“.

Според него, кандидатот на СДСМ во Куманово е поразен и дека тоа значи и пораз на министерот Оливер Спасовски кој, нагласи, многу се заложи за изборна победа на СДСМ во Куманово.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе