Кандидатите на опозицијата

Ѓорчев и Димовски ја завршија пратеничката кариера, Бишевац на листата на ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Ѓорчев и Илија Димовски не се на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ за пратеници на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

Влатко Ѓорчев беше пратеник 14 години во пет мандати. Тој синоќа на својот фејсбук-птофил напиша: „Огромна благодарност што бев пратеник. Желба за успех до новите пратеници. Да живее Македонија! Да живее ВМРО-ДПМНЕ!“

Покрај Ѓорчев, на листите не се најдоа и други познати пратеници како Илија Димовски и Даниела Рангелова, но засега од нивна страна нема реакции.

Поранешниот новинар, а потоа и пратеник од редовите на СДСМ, Сафет Бишевац е кандидат за пратеник на листата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е на деветото место на листата во првата изборна едница, каде носителка е професорката Гордана Силјановска Давкова.

Бишевац беше избран за пратеник од листата на СДСМ на изборите во 2011 година.

Драган Ковачки, предлогот на Христијан Мицкоски за технички министер за внатрешни работи, е на 11-то место на листата на ВМРО-ДПМНЕ во третата Изборна единица. На таа листа, на 12 место, е и Јохан Тарчуловски.

На списокот на ВМРО-ДПМНЕ ги нема Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, пратеникот Драган Данев, Емил Димитриев, кој беше технички премиер на ВМРО-ДПМНЕ во претходната техничка Влада...

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе