Гир порачува: Кога ќе има договор со Бугарија ќе почнат преговорите, дотогаш продолжете со реформите

Евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната онлајн конференција „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции“ рече дека по ланската одлука на ЕУ за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија ја разбира нетрпеливоста во однос на дискусиите за преговарачката рамка, но преговорите ќе почнат кога ќе има договор.

„Патот на којшто сега се наоѓате е двонасочен, првиот е билатерално да продолжи ангажираноста со Бугарија, нешто што и сега Владата го прави, со цел да се постигне заемно прифатливо решение и второ, да се продолжи со напредокот во реформите“, рече Гир.

Тој додаде дека јасно му е дека луѓето сакаат да се движиме напред, сакаат да видат што е можно поскоро отворање на преговорите.

„Точно е дека преговорите ќе почнат тогаш кога ќе има договор, меѓутоа, нема причина во меѓувреме да се чека да не се спроведуваат реформите, бидејќи тоа само ќе го забрза патот понатаму и тоа е во интерес на сите граѓани. Колку повеќе напредуваме во реформите, толку поблиску ќе биде државата кон ЕУ“, изјави тој.

Гир порача дека преговарачкиот процес е сепопфатен, што влијае врз секој аспект од животот, оти ќе има подеми и падови, но придобивките од пристапувањето ќе бидат многу појасни и поконкретни во текот на самиот процес на пристапување.

„Треба да бидеме подготвени за сеопфатен процес и ангажираност во негови рамки. Се работи за комплексен процес што бара развој и мобилизација на значителна експертиза за тие цели и потребна е ангажираност на целокупното општество. Не можете само да се сетите – ајде сега Владата да испорача, тоа не е можно, секако дека Владата е потребна во тој процес, но потребни се и локалните власти, разните државни институции, медиумите, бизнисот, граѓанското општество, сите тие заедно да го одиграат својот удел во овој проект од национален процес“, рече Гир.

Евроамбасадорот повтори дека целиот овој процес треба да биде придвижуван од самата држава, но и на локално ниво.

„ЕУ служи како магнет кој на повеќе начини може да ја привлече Северна Македонија поблизу до единствениот пазар, давајќи поддршка на многу различни аспекти, но на крајот на краиштата, придвижувањето треба да потекне од државата. И затоа велам дека станува збор за национален проект во кој се вклучени сите“, изјави Гир и ја нагласи важната улога на медуимите и граѓанското општество во овој процес.

Според него, потребно е медиумите и граѓанското општество да имаат многу важна улога во надзорот и да се критички настроени, бидејќи тоа помага во развојот на политиката и во самиот процес на пристапување.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе