На седница во Собранието на Македонија

Гир порача дека Извештајот на ЕК е упатство, а ВМРО-ДПМНЕ оцени дека партизирано се влезе во процесот

Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир денеска во Собранието го презентираше Извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ, оценувајќи го како упатство за нашата земја кон членство. Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека кај нас процесот е партизиран и дека пратениците наместо однапред, за сѐ се информираат отпосле.

Последниот Извештај на ЕК за земјата не е само оценка за настаните и препораки за подобрување, туку сега повеќе од кога било е упатство за како да се напредува во процесот на пристапување во однос на многуте реформи за влез во ЕУ. Тоа е упатство наменето кон целата земја, сите општетстевните чинители, а пред сѐ, кон Владата, но и кон другите државни институции, вклучително и парламентот, кој ќе има многу важна улога во пристапниот процес.

Ова го порача шефот на Делегацијата на ЕУ амбасадорот Дејвид Гир кој го претстави Извештајот на ЕК на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и на собраниската Комисија за европски прашања. Тој ја повтори оценката за законодавниот дом содржана во Извештајот според која неговата работа била засенета од политичка поларизација, и дека се потребни добро планирање и консултации за да ја ограничат употребата на брзите процедури со цел да се дозволи ефетивен надзор и консултации по однос на законите.

„Многу внимание е посветено на овие опсервации со оглед на важната улога што Парламентот ќе ја игра во процесот на пристапување. Но, ова е дел од поголема појава на политичка поларизација на пошироко ниво што бара напори од сите политички чинители за да се залечи. Ова се заснова на убедувањето кое што повтопрно произлезе од други успешни процеси на пристапување дека одржливиот напредок може да се постигне доколку усвојувањето на реформите стане проект на национално ниво, кој што ја вклучуваат Владата, опозицијата, сите државни институции, НВО и бизнис заедницата“, рече Гир.

„Заеднички напори на сите политички партии се приоритет со цел да се зајакне клучната улога на Парламентот како еден столб на политичкиот дијалог. Денешната сесија е уште еден пример за подготвеност да се соработува меѓу различните страни во Собранието“, рече Гир кој најави дека на 11 ноември ќе започне билатералниот скрининг за земјата, како дел од пристапниот процес во кој од странана ЕК се вклучени околу 800 експерти, а потсети и на договорите за заедничко справување со кризата, како и на изјавата на претседалката на ЕК Урсула фон дер Лајен за финансиката поддршка на ЕУ во таа насока.

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач Бојан Маричиќ ја истакна генералната оценка на Извештајот на ЕК дека во околу 90 проценти од областите имаме делумна или добра подготвеност. Земјата го има задржано темпото на напредок и има подобрување во 23 од вкупно 43 области односно поглавја додека во останатите 20 области има ограничен или помал напредок. Како Влада, рече, целосно сме согласни со еврокомесарот Вархеји дека треба да се искористи овој моментум и да го покаже целиот свој потенцијал преку забрзување на реформите и повика на обединување и консензус на сите политички сили во Парламентот за постигнување на оваа тридецениска цел.

„Верувам дека само со национален консензус и максимално вложување на Владата како носител на преговорите, но и администрацијата која е рбетниот столб на процесот, граѓанското општество, Собранието, бизнис и академската заедница и сите други засегнати страни ќе можеме да ја исполниме заложбата да бидеме подготвени за полноправно членство во ЕУ до крајот на оваа декада, односно до 2030 година, како што се обврзавме и на првата Меѓувладина конференција. Очекувам целосна посветеност од ваша страна и подадена рака за заеднички да ги славиме успесите и надминуваме предизвиците кои следат на евроинтегративниот пат затоа што само обединети ќе може да ја постигнеме оваа национална задача. Неопходен консензус и за реформите и за успешно завршување на преговорите“, рече Маричиќ.

Тој при тоа најави дека се работи на иницијатива за вопспотавување рамка за соработката меѓу Владата и Собранието во овој дел и укажа на поуките од искуството на Хрватска од пристапувањето во ЕУ чиј главен преговарач Владимир Дробњак е наш консултант, која успеа за шест години да ги заврши прегороите благодарение на силниот политички консензус за ЕУ пристапниот процес.

Пратениците од владејачкото мнозинство и од опозицијата си разменија обвинувањата за тоа кој е причина за слабите оценки за функцинирањето на Парламентот.

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во своето обраќање со став дека во Хрватска НСЕИ беше телото каде се усвојуваа заеднички позиции, а кај нас НСЕИ е место каде пост фестум пратениците се известуваат за веќе преземените обврски и позиции, се повикува процесот да не се партизира, а вели, имаме партиски преговарач, поради што оцени, постои недоверба во евроинтегративниот процес. Тој презентираше компаративна анализа за Извештајот на ЕК за земјата за 31 област, според која Македонија во пет позиции бележи оценка нула или нема напредок, а во 10 оценка 1 односно незадовоилитетлен напредок, а Собранието, вели, е оценето со најниска оценка во однос на последните четири години.

„Во оваа анализа овие пет нули и 10 единици се сосема заслужени и ја отсликуваат декларативната заложба на власта која реторички секогаш говори добро за ЕУ, а суштински не работи по однос на унапредување на станадрадите во функционирањето на инстуитуциите на Македонија. Ова е прв Извештај, во којшто за жал Собранието е оценето со пониски оценки и е забележана злоупотребата на европското знаменце за предлог закони кои немаат никкава врска со европската регулатива туку имаат врска со интересите на одредени политички или бизнис групи... Оваа Собрание за жал ја губи позицијата токму поради владејачкото мнозинство, како контролен механизам на извршната власт. Пет интерпелации кон министри од извршната власт беа поднесени од страна на опозицујатра, а само за две интерпелеации се дебатирашање и имаше гласање“, рече Милошоски.

Снежана Калевска Ванчева од СДСМ подвлече дека Извештајот на ЕК е водич за натамошната работа на институциите, но особено тоа се однесува на Собранието како највисок законодавен дом кое има клучна улога во европинтегративниот процес, а настапот на Милошоски го оцени во склад со, како што вели, она што опозицијата го прави на дело во Собранието.

„Собранието треба да е арена за вистински политички натпревар, плурализам и се надевам дека така сите ќе го сфаќаме и ќе се однесуваме, а не да го сватиме како мерсто на кое треба да кажуваме се и сешѕо и да правиме опструкции на секој чекор, а да не ја вршиме нашата задача. Критичкото мислење на опозицијата е е исклучително важна и се очекува, но секако не блокади, филибастеринг, кој се злоупотребува бидејќи тоа не е начин како да стигнеме нитру до пофобри закони, а уште повеќе како да ја зајакнеме нашата улога како надзорен орган, бидејќи ако ние се занимаваме тука со блокади иодржуваме седници со деови и деноци за прашања за кои сите сме свесни дека час поскоро треба да бидат донесени, тогаш, секако нема да ни остане доволно време за надзорната улога. Треба сите да работиме за вистински функционално Собрание, да го заокружиме процесот Жан Моне што поскоро и да направиме ова Собрание да биде предвидливо“, рече Калевска Ванчева според која НСЕИ и Комисијата треба да бидат клучен коректив и надзор и имаат исклучитечлен надзор во пристапниот процес, рече Калевска Ванчева.

Годинешниот Извештај на ЕК беше презентиран и пред претседателот на државата, пред премиерот, претседателот на Собранието, пред граѓанското општетство, а по прв пат и пред претседателот на Врховниот суд.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе