Евроамбасадорот за спорот меѓу Бугарија и Македонија

Гир: ЕУ се надева дека пристапните преговори ќе се отворат што е можно побрзо

„Ги цениме напорите да се решат нерешените прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Тоа е навистина важно и нешто кон што повикуваме што се однесува до отворањето на самите преговори. Тука можам да го повторам она што го кажува раководството на ЕУ, се надеваме дека преговорите ќе се отворат што е можно побрзо, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир. Кога се работи за добрососедски односи, важно е политичарите да се воздржат од некои изјави, рече амбасадорот на прашањето за коментар на изјавите на бугарскиот европратеник Џамбаски.

Евроамбасадорот вели дека сите во ЕУ се посветени кон заедничко изнаоѓање решенија што ќе доведат до отворање на пристапните преговори на замјата што е можно побрзо.

На прашање да даде коментар за реториката на одделни бугарски политичари, како и на европратеникот од Бугарија Ангел Џамбаски кој Македонија ја нарече „бугарска земја“, Гир рече дека кога станува збор за добрососедските односи, важно е политичарите да се воздржани во изјавите.

„Што се однесува до забелешките дадени од извесни политичари на други земји и пратеници од земји членки, јас нема да коментирам за тоа, не е тоа во мојата пракса. Но, важно е да се воздржуваме секогаш кога станува збор за добрососедски односи. Тие се навистина важни и затоа политичарите мора да се воздржуваат во таа насока“, рече евроамбасадорот Гир на прес-конференцијата по повод потпишувањето на договор за поддршка на претпријатијата во износ од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе