Германскиот новинар Мартенс за македонско-бугарскиот спор: Не е за тоа кој е во право, туку кој е помоќен

По една недела интересни разговори во Софија, се враќам дома со впечаток дека Бугарија нема наскоро да го укине ветото против Северна Македонија. Што е уште поважно: доколку ЕУ и нејзините престолнини се обидат да ја притиснат Софија да го стори тоа, тоа би можело да има спротивен резултат, напиша на својот твитер-профил реномираниот германски новинар Михаел Мартенс, кој 25 години е дописник за ФАЦ од Балканот.

По неговиот престој во Бугарија тој на твитер објави неколку негови заклучоци:

Софија нема наскоро да го тргне ветото за Македонија.

Бугарија како свој аргумент го користи долгогодишното блокирање на Грција за членство на Македонија во НАТО.

Веројатноста од предвремени избори во Бугарија е голема.

Колку поголем е притисокот врз Бугарија, толку потврди ќе стануваат позициите на Софија.

Спорот меѓу Македонија и Бугарија не е за тоа кој е во право, туку кој е помоќен“, напиша Мартенс.

 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе