Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во среда во Скопје

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас во среда ќе престојува во работна посета на Македонија.

Мас ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а на средбата, како што најави МНР, ќе се разговара за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски Совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи.

Исто така, ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план.

Освен со Димитров, се очекува германскиот министер за надворешни работи да се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе