Германскиот канцелар Шолц на 11 јуни доаѓа во Скопје и во Софија

Германскиот канцелар Олаф Шолц следната недела доаѓа во дводневна посета на Западен Балкан, Грција и Бугарија, потврди Берлин, јавува „Дојче Веле“. Оваа негова посета се толкува како дел од ангажманот на Берлин за деблокада на пристапниот процес за Македонија.

Први станици на дводневната балканска турнеја на Олаф Шолц ќе бидат Косово и Србија на 10 јуни. Како што изјавил портпаролот на германскиот канцелар, во Косово Шолц ќе ги посети и германските групи во КФОР.

Од таму, Шолц ќе замине за Солун каде на покана на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе учествува на вечера со претставници на земјите од регионалната иницијатива „Процес за соработка во Југоисточна Европа“.

Наредниот ден, на 11 јуни германскиот канцелар ќе отпатува во Македонија, а потоа и во Бугарија, пренесува „Дојче Веле“.

Во фокусот на неговото патување ќе биде ЕУ-перспективата на земјите од Западен Балкан, како и придонесот на Германија во унапредувањето на регионалната соработка и надминувањето на билатералните блокади, соопшти кабинетот на Шолц. Освен тоа, централна тема ќе биде и заедничката реакција на руската агресија врз Украина.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе