За Македонија и Албанија

Германскиот Бундестаг утре ќе даде зелено светло за отпочнување на претпристапните преговори со ЕУ

Германскиот Бундестаг утре и официјално ќе даде зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, а на седницата на покана на претседателскиот на германскиот Парламент, Волфганф Шојбле, ќе присустува и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Владејачките германски партии ЦДУ и СПД вчера постигнаа согласност да се одобри датум за почеток на преговори со Европската унија за Северна Македонија и Албанија, а се очекува поддршката да ја даде уште најмалку една партија, Зелените, јави Дојче Веле. Одлуката била донесена вчера на состанок на коалициските партнери во германската Влада.

ЦДУ, на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите нагласила дека почетокот на преговорите со двете земји ќе испрати важен сигнал за целиот регион.

Пратеничката на СПД, Незахат Барадари, која е и член на парламентарната комисија за ЕУ ја потврди информацијата и најавува дека конечното зелено светло ќе биде дадено на седницата на Бундестагот в четврток.

Тоа што коалициските партии го ослободија патот за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е важен сигнал за европската интеграција на целиот регион“, вели Барадари.

За отпочнување на претпристапните преговори со ЕУ конечната одлука ќе ја донесе Советот на Унијата на самитот закажан за 15 и 16 октомври. 

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе