Германската влада даде „зелено светло“ за прием на Македонија во НАТО

Владата во Берлин даде согласност за прием на Македонија во НАТО и ќе се залага процесот да биде завршен брзо, пишува Дојче Веле.

Приклучувањето на Македонија во НАТО, како што стои во соопштението од германската влада, е важно за безбедноста во евроатлантскиот простор и тоа е „важен импулс за натамошна стабилизација на Западниот Балкан“.

„Свртниците за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО се поставени. Во февруари 2019 година земјите членки би требало да го потпишат Протоколот за приклучување“, соопштува владата во Берлин и додава дека ќе се залага тој процес да се одвива брзо за „уште истиот месец да може да следи формалното приклучување“.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе