Амбасадорката на церемонијата на примање на донацијата меѓудругото рече дека оваа поддршка се надоврзува на мерките од минатите години и со неа, нагласи, се искажува почит кон одличната соработа со МВР и поттик за продолжување на доброто извршување на работата како и досега, со подобрена техничка опрема.
Амбасадорката Холштајн потсети за минатонеделната посета на претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмаер кога тој оддаде признание на патот на земјава кон ЕУ.
„Претседателот Штајнмајер ја искажа својата почит кон македонскиот јазик и култура, почитта за јасното надворешно-политичко позиционирање на Северна Македонија и секако увери дека Германија и понатаму сеопфатно ќе ја поддржува Северна Македонија во пристапниот процес кон ЕУ“, рече амбасадорката.
Министерот Оливер Спасовски се заблагодари за, како што рече, искрената подготвеност за натамошна соработка и поддршка и продлабочување на билатералните односи и квалитативното надградување на капацитетите на МВР. Спасовски додаде дека донацијата ќе ги зајакне капацитетите на МВР и на Граничката полицикја.