Германскиот амбасадор во Македонија

Герберих ги повика власта и опозицијата заеднички да ја искористат шансата за ЕУ

Германскиот амбасадор во Северна Македонија денеска повика на обединување на власта и опозицијата во земјава пред претстојниот состанок на Европскиот совет на кој треба да се донесе одлука за отпочнување преговори меѓу Северна Македонија и Унијата.

„За Северна Македонија за неколку дена претстои важна одлука – одлуката на Советот за општи работи на Европската Унија за отворање на пристапните преговори. Германскиот Бундестаг ја даде својата согласност на 26 септември за сојузната Влада да може да гласа ‘за‘ во Брисел. Оптимист сум дека и од Советот ќе има јасна согласност за европскиот пат и натамошната ЕУ-перспектива на Северна Македонија. Задача на власта и опозицијата ќе биде да ја искористат заедно оваа шанса и со тоа да ја исполнат својата политичка одговорност“, порача Герберих на свечениот прием по повод германскиот национален празник – Денот на националното единство, со кој се одбележува падот на Берлинскиот ѕид и обединувањето на Западна и Источна Германија,на кој што

присуствуваа претставници на државниот врв, на опозицијата, дипломатски претставници, претставници на јавниот живот.

Герберих рече дека сето тоа е во насока во Северна Македонија да постои општество на европски вредности, во кое владее правна сигурност, во кое сите луѓе имаат можност да ги практикуваат основните човекови права, општество во кое никој не им пропишува на луѓето како треба да мислат и во кое децата и нивните семејства може да се развиваат во благосостојба.

Германскиот амбасадор додаде дека значаен составен дел на нашите заеднички напори и натаму ќе биде да се продлабочо и прошири перспективата на евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија. Тука, како што изјави, се вбројува и натамошната поддршка при спроведувањето на неопходните реформи, за да им се пристапи со решителност и консеквентно да се спроведат, за да не се губи време.

„Главните точки ни се познати на сите, правосудство, реформа на институциите, како и создавање на слободни и независни медиуми. Граѓаните мора да видат конкретни резултати што го подобруваат секојдневниот живот“, изјави амбасадорот.

-Есента 1989 година, откако на 9 ноември беше прогласена слобода на патување за сите граѓани на ГДР, се отворија граничните премини: прегранти Германци од Истокот и Западот, солзи радосници, радост за целата земја, рече германскиот амбасадор, Томас Герберих.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе