Во интервју за бугарската БГНЕС

Георгиевски: Сакаме зближување со Бугарија, да ги признаеме заслугите на Заев

„И покрај ,длабоката држава' во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува",вели Љубчо Георгиевски во интервју за БГНЕС, дадено за време на неговата посета на официјална Софија каде, како претставник од помала партија од коалицијата со СДСМ, замина во улога на олеснување на преговорите меѓу Бугарија и Софија. Вели, има многу омраза кон Бугарија од политичари, новинари, професори...

„Длабоката држава" во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји, гради омраза и непријателство кон Бугарија,вклучува професори, новинари, вработени во службите за национална безбедност,во суштина, тие не се сите Македонци, нагласува во интервјуто Георгиевски.

Тој оценува дека југословенската историографија ја призна македонската нација како најмлада на Балканот, а дека Никола Груевски со антиквизацијата и нанесе тежок удар.

„Треба да ги признаеме заслугите на Зоран Заев поради неговата желба за пријателство со Бугарија", порачува Георгиевски и нагласува дека Заев и Бојко Борисов треба да изнајдат решение со кое ќе се тргне кон историско доближување.

Во Македонија се создаде кампања дека Бугарија бара да се промени Уставот на Македонија, што не е точно, од друга страна, многу лошо ќе биде ако Бугарија стави вето за Македонија пред Европската Унија, рече Георгиевски.

Љубчо Георгиевски вели дека често пати е критикуван во Македонија дека застапува бугарски ставови, па нагласува дека со ова интервју ќе се обиде да биде адвкат на Македонија. Вели дека ако до пред четири пет години за добивање на бугарски пасош лицата се критикувале и „биле распнувани на крст“, дека сега тоа е нормална работа, како што е нормално, вели, да се засвират и бугарски песни во кафеани, а не само српски.

„Македонското општество е сè уште под два јарема, едниот е комунистичкиот, а другиот е антиката на Никола Груевски, со која нè уби. Тогаш луѓето одеднаш почувствуваа дека имаат 4.000 години историја. Интересно, имаше многу фалсификати и во оваа и во комунистичката историја, но имаше и факти. Комунистичката идеологија тврдеше дека македонската нација е последната нација на Балканот, а со антиката одеднаш од најмлада, станавме најстар народ не само на Балканот, туку и во Европа и пошироко“, анализира Георгиевски .

Во однос на напорите да се дојде до договор околу историските прашања, Георгиевски вели дека има многу отпор во Македонија.

„Тоа е ситуација како кога Доналд Трамп се бори со невидливи структури. Многу добро се сеќавате дека кога бев премиер се борев на ист начин. Можам да кажам дека Зоран Заев и Стево Пендаровски како политичари даваат многу смели изјави за доближување кон Бугарија, но од другата страна има 40 професори кои велат дека преговорите со Бугарија треба веднаш да се прекинат и дека Гоце Делчев е Македонец. и дека не треба да се дозволува никакво поврзување на Гоце Делчев со Бугарија“, вели Георгиевски.

На прашање од новинарот како е можно партија која го носи префиксот ВМРО, да слави убијци на лица од организацијата ВМРО, Георгиевски вели:

„Во времето на Никола Груевски, оваа партија следеше курс на движење кон Југославија. Не знам дали новиот лидер Кристијан Мицковски ќе може да се ослободи од оваа идеологија, но засега е тешко“.

На прашањето како би го решил спорот меѓу Скопје и Софија кога би бил на местото на Заев, Георгиевски одговара:

„Да бев Зоран Заев, тешко би го решил ова прашање. Морам да бидам и Зоран Заев и Бојко Борисов. Мислам дека во Бугарија постои песимистички став за тоа што се случува во македонско-бугарските односи и веројатно имате причина, бидејќи некои работи се очекуваше да се случат побрзо, но мора да видиме што е направено досега. Што би направил јас? Гледам дека според декларацијата на бугарскиот парламент има проблем со името Северна Македонија, бидејќи тоа претставува аспирации кон Бугарија. Мислам дека од македонска страна не е проблем да се објасни дека ова се однесува само на РС Македонија и нема територијални претензии кон Бугарија.

Второ, има проблем со македонското малцинство во Бугарија. Мислам дека нема проблем Македонија да даде изјава дека нема да поддржи некакво македонско малцинство во Бугарија.

Трето, што мислам дека е најпрактично. Да се види работата на комисијата. Досега има договор за 5 лица и за учебници за петто и шесто одделение. Ова не е мала работа. Се сеќавам на времето кога беше сон бугарските политичари да ги слават заедно само светите Кирил и Методиј. За бугарската политика беше сон да ги отстрани сите непријателски текстови против Бугарија од учебниците по историја, сега тоа се случува. Ако вратата се затвори во декември, не знам како ќе се одвиваат работите. Сите разговори веројатно ќе завршат.

Само со отворена врата во декември овие настани можат да се коригираат за соработка".

 

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе