Во разговор за БГНЕС

Георгиевски: Луѓето се шокирани од Заев зашто не го знаат минатото

Откако дојде демократијата, ние, за жал, не сторивме ништо. Ниту промена во терминологијата ниту промена во историските перцепции. И сега, кога Заев рече неколку работи на БГНЕС за оваа заедничка историја, поголемиот дел од македонското општество е шокиран, вели претседателот на ВМРО-НП и поранешен премиер, Љубчо Георгиевски за БГНЕС.

„Шокиран е затоа што се наоѓаме во еден вид воена состојба, во која група политичари, вклучително и јас, Заев, Пендаровски, Владо Бучковски, поранешниот министер за надворешни работи Денко Малевски, сме дел од политичарите кои се попрогресивни и инсистираат историчарите да разговараат и да истражуваат. Сепак, историчарите цврсто се фатиле во корупките на поранешните југословенски шеми и не излегуваат од нив. И ова е реалноста“, изјавил Георгиевски.

Тој во своето гостување евоцира спомени од својата младост, кога бил војник.

„Бев војник во Штип. Цело време бевме убедувани дека мора да се бориме против Бугарија, дека таа може да нè нападне во секој момент. Не ни рекоа да се пазиме од Грците, Албанците, Американците или од Русите. Само од Бугарија. Ни беше кажано како да се однесуваме, како да ги закопчуваме кошулите, предупредувајќи нè дека има бугарски агенти кои само чекаат да снимаат пијани југословенски војници како дел од оваа пропаганда, што беше достапна дури и во училиштата“, вели Георгиевски.

Тој додава дека сега влегуваме во една навистина интересна ситуација, во која, ако погледнеме однадвор, ние сме една од ретките земји што го врзува својот национален живот само со комунизмот и Комунистичката партија. Од демократска гледна точка, ова е дури и апсурдно.

„Можеби цело време сè уште криеме некои работи околу Гоце Делчев и не сакаме да зборуваме за нив. Што го прави Гоце Делчев заеднички херој на Македонија и Бугарија? Прво, Гоце Делчев е роден во бугарскиот вилает во рамките на Отоманската империја. Ова го покажуваат документите, неговите браќа, неговите родители. Ппа тој израснал во оваа средина. Второ, основно училиште учел во егзархијата. Потоа учел во Солунското бугарско средно училиште, каде учеле сите револуционери. Оттаму отишол да учи да биде бугарски офицер во бугарското воено училиште. После тоа станал учител во бугарската егзархија. Но, зошто го криеме овој дел од македонската историја? Ние само велиме дека тој бил учител. И тој, и Даме, и Ѓорче, и Пере Тошев и Никола Карев, сите беа учители во бугарската егзархија“, вели Георгиевски.

Во разговорот тој уште обвинува многу од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за тоа каква историја раскажуваат за односите меѓу Македонија и Бугарија и за семејните односи и додава дека тоа е „ навистина врвно лицемерие“.

 

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе