Прес-конференција на СДСМ

Георгиевска: Како социјалдемократи водиме грижа за помалку имотните семејства

Градиме силна, развојна, конкурентна и стабилна економија која носи шанса за сите, а со цел да им помогнеме на помалку имотните граѓани Владата  на Заев одвои 2,5 милиони евра за ваучери за летување, рече пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска.

И оваа година граѓаните со ниски примања ќе добијат ваучер за летување кој за разлика од минатата година, оваа година изнесува 12.000 денари, а ќе можат да го користат семејства чии вкупни месечни примања не надминуваат 30.000 денари, рече на прес-конференција пратеничката од СДСМ. .

Таа нагласи дека за една недела од отворањето на јавниот повик до Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации по што повикот е затворен.

„За реализација на оваа мерка од државниот буџет предвидени се 15 милиони денари или 2,5 милиони евра за вкупно 1.250 ваучери. Ова се пари кои ќе завршат кај домашните хотелиери, со што ќе се помогне нивната работа во време на постковид пандемија, а истовремено ќе им се помогне и илјадници семејства со ниски примања. Помош и поддршка за граѓаните, за домашната македонско стопанство се нашите приоритети како социјадемократска партија“, рече пратеничката.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе