Георгиевски рече дека според проекциите, за оваа мерка за помош на скопјани, Град Скопје и скопските општини треба да обезбедат еден милион евра.
„„Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Градот немал пари за оваа намена. Истовремено, над 670.000 евра од градскиот буџет ќе се потрошат на вработувања на определено време на 109 луѓе, најголем дел од нив партиски активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ. Грaд Скопје и Арсовска не сакаат да одвојат еден милион евра за граѓаните да не добиваат повисоки сметки за парно, но затоа немаат проблем да потрошат 670.000 евра за вдомување на партиски кадри“, нагласи пратеничката.
Георгиевска рече дека се неесериозни и неодговорни тврдењата дека Буџетот веќе бил донесен, бидејќи, како што нагласи, секој буџет па и оној на Град Скопје, може да претрпи измени, односно да се направи ребаланс, особено во периоди на глобални кризи, како што е енергетската криза.
„Арсовска, Славевски и ВМРО-ДПМНЕ нека направат ребаланс, нека се откажат од вдомувањето партиски кадри во Град Скопје и ќе успеат да најдат еден милион евра за да се субвенционира покачувањето на топловдната енергија. Сѐ друго е обид за оправдување и потценување на граѓаните. Недозволиво е градоначалничката на Скопје да покажува целосна негрижа за своите сограѓани, недозволиво е да бара оправдување за нејзината тотална неспособност. Таа има одговорност, мандат и надлежности да ги решава проблемите на граѓаните, а не да се крие зад разно разни изговори“, изјави пратеничката Марија Георгиевска