Прес-конференција на СДСМ

Георгиевска: Град Скопје има пари за партиски вработувања, а немале за парното за скопјани

„За да нема зголемување на цената на парното греење, Владата ќе субвенционира 80 отсто од разликата во цените, а останатите 20 отсто треба да ги покријат Градот Скопје и скопските општини. Но, претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славеcки вели дека Градот немал пари за оваа мерка, што претстаува уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска по секоја цена работат спротивно на интересите на граѓаните, a притоа одвоиле 670 илјади евра за партиски вработувања“, изјави пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска.

Георгиевски рече дека според проекциите, за оваа мерка за помош на скопјани, Град Скопје и скопските општини треба да обезбедат еден милион евра.

„„Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Градот немал пари за оваа намена. Истовремено, над 670.000 евра од градскиот буџет ќе се потрошат на вработувања на определено време на 109 луѓе, најголем дел од нив партиски активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ.  Грaд Скопје и Арсовска не сакаат да одвојат еден милион евра за граѓаните да не добиваат повисоки сметки за парно, но затоа немаат проблем да потрошат 670.000 евра за вдомување на партиски кадри“, нагласи пратеничката.

Георгиевска рече дека се неесериозни и неодговорни  тврдењата дека Буџетот веќе бил донесен, бидејќи, како што нагласи, секој буџет па и оној на Град Скопје, може да претрпи измени, односно да се направи ребаланс, особено во периоди на глобални кризи, како што е енергетската криза.

„Арсовска, Славевски и ВМРО-ДПМНЕ нека направат ребаланс, нека се откажат од вдомувањето партиски кадри во Град Скопје и ќе успеат да најдат еден милион евра за да се субвенционира покачувањето на топловдната енергија. Сѐ друго е обид за оправдување и потценување на граѓаните. Недозволиво е градоначалничката на Скопје да покажува целосна негрижа за своите сограѓани, недозволиво е да бара оправдување за нејзината тотална неспособност. Таа има одговорност, мандат и надлежности да ги решава проблемите на граѓаните, а не да се крие зад разно разни изговори“, изјави пратеничката Марија Георгиевска

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе