СДСМ

Георгиевска: Нови мерки за финансиска поддршка на работодавачите

Владата предводена од СДСМ го усвои предлог - законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од ковид-19 кризата за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година. Со оваа мерка продолжува поддршката за спас на работните места, а за нејзина реализација предвидени се 70 милиони евра, изјави денеска пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска.

„Со овој предлог-закон мерката за поддршка на исплата на плати е уште потаргетирана, а поддршката ќе биде скалеста, односно, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска поддршка.

Компаниите што имаат намален приход од 30% до 40%, ќе добијат финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен додека кај оние компании со намален приход од над 80% износот на финансиска поддршката за исплата на плати ќе изнесува максимални 21.776 денари по вработен.

Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка, до 7-ми во месецот за претходниот месец, а како рефрентен период, во Законот се зема финансискиот резултат на фирмите од април до октомври, ноември и декември 2020 година и се споредува со истиот период лани. Во случај фирмата да е регистрирана по септември 2019 година, се зема датумот од запишување во Централен регистар.

Компаниите што аплицираат за мерката не можат да исплатуваат дивиденда и награда за деловна успешност или друг вид годишна награда до денот на исплата на платата за декември 2020 година.

Оние компании што користат финансиска поддршка, бројот на вработени нема да смеат да го намалуваат два месеци по завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот,  откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично

 За да се спречат какви било злоупотреби предвидени се и заштитни механизми, во случај работодавачот да исплати помала плата на работникот од сумата која му е доделена превидени се глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со навремени и ефиксани мерки за справување со економските последици од коронакризата“, изјави Георгиевска.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе