среда, 8 мај 2024
Парламентарни и претседателски избори 2024

Денеска може да гласаат граѓани со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

На денешните двојни – претседателски и парламентарни избори, согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за овие избори, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

Објавено на

часот

Сподели

За претседателските избори ќе можат да гласаат избирачите чии лични документи истекле на 24 јули 2023 година до 24 април, додека на парламентарните избори ќе можат да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 8 август 2023 година до денот на изборите 8 мај.

Собранието на 7 март во рамки на 147. седница по скратена постапка без расправа ги изгласа измените и дополнувањата на Изборниот законик. Како што појаснија предлагачите, целта на овие измени беше да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ