Додека во тек е попишувањето на иселениците

Ѓоргиева: Имаше тивок бојкот во дијаспората, сега пописот се одвива нормално

Досега во дијаспората се попишани над 82 илјади лица, најмногу во Швајцарија - 25 илјади, Италија - 19 илјади и околу 10 илјади лица во Италија. Кампањата за информирање на дијаспората се одвива добро и главно преку интернет и социјалните медиуми, а веќе нема тивок бојкот од страна на дел на дијаспората бидејќи се вклучија и организации на нашинците со повици за учество на пописот, изјави Јасмина Ѓоргиева, од Службата за односи со јавноста на Државниот завод за статистика. Таа рече дека во однос на пописот внатре во земјава, постои протокол за попишување на болните и лицата во изолација.

Јасмина Ѓргиева, претставник на Државниот завод за статистика на денешната прес-конференција во Владата, рече дека на почетокот од процесот на попишувањето на дијаспората се почувствувал тивок бојкот, но дека последниве денови наративот е сменет и дека и организации на нашинците се вклучија со повици и апели за учество во пописот и, како што истакна, нагласуваат дека е патриотски чин и долг кон државата да се дадат податоци зашто тие се потребни за развој на државата.

„Кампањата на државата насочена кон дијаспората пред сѐ е дизајнирана преку социјалните мрежи и преку актиностите на дипломатско - козуларните претставништва на земјава во странство. Сметаме дека кампањата добро се одвива и дека добро се информираат луѓето во дијаспората“, рече Ѓоргиева.

Таа нагласи дека не се оправдани страхувањата во дијаспората од злоупотреба на личните податоци, бидејќи секоја злоупотреба на туѓи податоци е кривично дело како според Законот за попис, така и според Законот за заштита на лични податоци. Ѓоргиева додаде дека софтверот за електронскиот попис е така создаден што регистрира давање на погрешни податоци или нивна злоупотреба, бидејќи секое давање на податоци остава трага која може да се следи.

Бидејќи сѐ уште не е обезбеден доволен број на попишувачи, имајќи предвид дека на конкурсите на Државниот завод не се пријавиле во доволен број, таа беше прашана дали овој проблем може да го одложи почетокот на пописот во земјава, кој треба да заполне на 1 апрл.

„Сигурни сме дека ќе се обезбеди доволен број на попишувачи. Но, доколку планираниот број не се пополни, планот за попишувачи овозможува на терен да се тргне и со помал број, имајќи предвид дека за разлика од претходните пописни циклуси кои траеле 15 дена, овојпат ќе трае 21 ден. Можноста за помал број на попишувачи сепак, не е наведена во законот, реше Ѓоргиева.

Портпаролот на Владата Душко Арсовски рече дека третиот конкурс за прием на попишувачи е отворен до утре за оние реони каде има нивен недостиг и дека секој попишувач ќе добие хонорар во износ од 35.000 денари.

На прашањето во врска со здравствените ризици, Ѓоргиева рече дека протоколот е изработен од страна на Комисијата за заразни болести и дека Заводот за статистика ќе биде во дневна комуникација со Министерството за здравство со цел од следната недела од „Мој термин" да се добиваат податоци за новодијагностицирани случаи на ковид-19 и за лица кои се во изолација, со цел како да се планира нивното попишување.

Новинарите ја прашаа Ѓоргиева како да бидат сигурни граѓаните дали попишувачот немал многу посети на семејства и дека не е ризичен од аспект да биде преносител на вирусот ковид-19, таа рече дека според протоколите секој попишувач пред влегувањето во секое домаќинство мора да ги дезинфицира рацете и лап-топот, да стави маска и да држи растојание.

Со почитување на здравствените протоколи, нема ризици од ширење на коронавирусот, нагласи Ѓоргиева и опиша како би се одвивало попушување на болни од ковид-19.

„Доколку се најде некој 'прозорец' во кој може да се попише лицето додека трае пописот, ќе го направиме тоа. Во спротивно, доколку во целиот период на спроведувањето на пописот лицето е во изолација, ќе се обидеме да стапиме во контакт со него и да видиме кои членови на неговото домаќинство или семејство можат да дадат податоци за тоа лице“, изјави Ѓоргиева, додавајќи дека податоци за оние лица кои ќе се наоѓаат на болничко лекување за време на пописот, исто така, ќе даваат членови на нивните семејства.

Таа нагласи дека во краен случај доколку некое лице живее само, односно „нема семејство или домаќинство", попишувачите со целосна заштитна опрема ќе влезат кај него дома и ќе го попишат, согласно утврдените протоколи за пописот.

Имајќи го предвид растот на бројките на новозаразени во текот на овој трет бран на болеста, Ѓоргиева беше прашана дали се размислува во Заводот пописот сепак да биде одложен, таа одговори дека евентуална таква одлука не зависи од Државниот завод, туку од одлуките на Владата базирани на предлози на Комисијата за заразни болести.

П.Џ.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе