Градоначалникот не чувствува одговорност за лошиот извештај на УНЕСКО

Георгиески: Поднесовме десетици кривични пријави за дивоградби во Охрид, ниедна не е процесуирана

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески не чуствува лична одговорност поради неповолниот нацрт извештај на УНЕСКО со кој Охридскиот регион се става на листа на загрозени подрачја. Вели дека тој и општината презеле бројни активности, но дека проблемите долги години биле таложени, но и посочи дека се поднесени десетици кривични пријави кои се однесуваат на дивоградби, а кои не се процесуирани во обвинителството.  

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески не чуствува лична одговорност поради неповолниот нацрт извештај на УНЕСКО со кој Охридскиот регион се става на листа на загрозени подрачја. Вели дека иако тој и општината презеле бројни активности, но дека проблемите долги години биле таложени, но и посочи дека се поднесени десетици кривични пријави кои се однесуваат на дивоградби, а кои не се процесуирани досега.

„Заклучно до ноември, општина Охрид поднесе 27 кривични пријави, ќе следуваат уште 12 или 13 пријави по предмети за кои во тек е жалбена постапка, но ниту една од нив не е процесуирана во обвинителство! Зошто е тоа така, треба да се постави прашање на друго место. Тоа што е потребно е целосен институционален пристап кон проблемот". Доколку ваквите случаи добиваат разрешница, бездруго драстично ќе се намалат обидите за бесправна градба, изјави Герогиевски во гостување на телевизија Телма.

Според него, честата неказнивост на вакви дела ги мотивира инвеститорите и тие дрско продолжуваат со градење не почитувајќи ги законите. Дури, како што нагласи, често инвеститорите ја отстрануваат жолтата лента која значи забрана за градење и продолжуваат со градба на дивоградбата.

Како проблем тој го посочи и Законот за легализација на дивоградби кој за Охрид се покажал како штетен.
„Тоа е еден несреќен закон. Не може еден ист закон за бесправна градба да важи и за заштитено подрачје како и за други места, но бадијала е сега да зборуваме, тоа е завршена работа", рече Георгиески.
Тој не се согласува повторно да биде прогласен мораториум на градба, дотолку повеќе што веќе е донесен Планот за управување со Охридскиот регион.
„Од донесувањето на Планот за управување Општина Охрид нема издадено ниту едно одобрение за градење што не е усогласено со овој стратешки документ. Оттаму сметам дека е контрапродуктивно да имаме мораториум кога е донесен Планот за управување со Охридскиот регион. Јас на моите охриѓани не можам да им кажам дека повеќе ништо нема да може да се гради, но планот стриктно ќе се почитува и нема да има отстапки за никој. Ако има мораториум сметам дека тоа ќе ја поттикне дивата градба", рече градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе