Географијата на СПЦ: За епископот Иринеј бачки, Србија е од Кајмакчалан до Словенија

Стара Србија се протега од Кајмакчалан во РС Македонија сè до денешна Словенија, каде што живеат Срби, изјави српскиот епископ бачки, Иринеј Буловиќ, за време на богослужбата во соборниот храм во Нови Сад.

Обраќањето на епископот бачки Иринеј, како што пренесува бугарската новинска агенција БГНЕС, било до српските монаси од епархиите во Краина (Хрватска), во Словенија, па, како што вели, до Кајмакчалан.

„Иринеј Бачки е меѓу најотворените поддржувачи на Руската православна црква и отворено се спротивставува на Вселенската патријаршија. Во 2018 година учествуваше во организацијата на „Алтернативната прослава на 1000-годишнината од формирањето на бугарската Охридска Архиепископија“, заедно со Српската патријаршија. Бачкиот владика Иринеј Буловиќ отворено тврди дека српскиот народ ја создал кирилицата. За време на конференцијата организирана од здружението ‘Кирилица‘ во Матица, Белград, пред неколку години, тој рече: Сите европски народи се грижат за својата писменост, а само српскиот народ е невнимателен со кирилицата. Тоа е самоубиствено, антицивилизациско лудило. Тоа не може да се спречи со декрети, туку само со личен пример“, кажа тогаш владиката Иринеј, пишува БГНЕС.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе