Реакција

Генералштаб на АРМ: Дезинформации за наводната вмешаност на армијата во случувањата на 27 април

Најенергично ги демантираме тврдењата за наводно инволвирање во организирана форма на Армијата на Република Македонија во собраниските настани на 27 април минатата година. Се работи за груби дезинформации кои се пласираат во јавноста, се веливо реакцијата на Генералштабот на АРМ.

„Генералштабот на АРМ во потполност транспарентно ги пренесува сите свои активности и ангажмани и е на располагање во целост да ги презентира сите податоци и да соработува со сите надлежни институции за какви било информации за наводните тврдења со што конечно ќе се стави крај на понатамошни шпекулативни толкувања.

Во досегашното постоење на АРМ, во потполност се применуваат воспоставените принципи и постапки во хиерархијата и субординација во командувањето, при што се постапува согласно дадените законски надлежности и строго утврдени правила кои ја уредуваат оваа област.

Преку пласирање на вакви неточни информации се влијае на нарушувањето на угледот на АРМ и на чувствата на припадниците на АРМ, кои со својот ангажман постојано ги потврдуваат своите определби и грижа за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, а со тоа да се  влијае и на севкупната подготвеност на Армијата на Република Македонија.

Уште еднаш ги информираме сите медиуми пред објавување или преземање на вакви „ексклузивни“ вести во кои се споменува АРМ, дека веродостојни информации може да добиете од канцеларијата за односи со јавноста во ГШ на АРМ, која најтранспарентно ќе ги достави сите информации за кои сте заинтересирани“, се вели во реакцијата на ГШ на АРМ.

         

 

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе