На местото на заседата (2001-2020)

Генералот Ангелов и годинава запали свеќи на местото на злосторството кај Вејце

И годинава, како и претходните 14 години делегација на партијата Достоинство, на чело со генералот Стојанче Ангелов одаде почит на загинатите осумтемина припадници на армијата и на полицијата во заседата кај Вејце на 28 април 2001 година. На денешниот настан за првпат на местото на злосторството кај Вејце, на падините на Шар Планина, присуствуваше и официјална државна делегација, претставена од функционерите од МВР Славјанка Петровска и Сашо Тасевски.

Од Достоинство присуствуваа и генералниот секретар Драган Василевски и претседателот на ОК Достоинство - Брвеница Дарко Станоевски. Тие положија букет свежо цвеќе и запалија 8 свеќи во чест на осумтемина македонски херои кои во 2001-та загинаа на ова место.

Од Достоинство изразија голема благодарност претставниците од МВР за покажаната почит кон луѓето кои беа убиени на ова место.

„Наместо земјен пат, на местото на кое загинаа осумтемина македонски војници и полицајци денес има асфалтиран пат, наместо мирис на изгорено човечко месо, сега мирисаше на цвеќе, наместо експлозии, рафали, врисоци и лелеци, сега се слушаше само цвркотот на птиците и шумот на тивкото ветре. Единствено сликите кои останаа длабоко врежани во мојата свест ме враќаа назад во времето, во воената 2001 година, утрото после заседата, кога молкум стоев на истото ова место додека увидната екипа на МВР вршеше увид. Да го чуваме споменот на загинатите херои, да се грижиме за нивните семејства, да се грижиме и за живите херои“, рече генералот Ангелов по завршувањето на церемонијата.

На ова место пред 19 години загинаа припадниците на армиската Единица за специјални намени „Волци“: Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Роберт Петковски (27) од Скопје, Игор Костески (26) од Скопје.

Загинати припадници на Посебната единица на полицијата: Илче Стојановски (24),Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (25) и Марјан Божиновски (27), сите од Битола.

Вечна ви слава херои македонски.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе