Љупчо Николоски со изјава за меиумите

Генералниот секретар на СДСМ застана зад ставовите на Заев

Синхронизрани се одлуките и на СДСМ и на Владата во поглед на она што е изнесено во интервјуто за бугарската агенција и тоа што е дообјасенто од страна на претседателот на Владата", одговори генералниот секретар на владејачката партија Љупчо Николовски на новинарско прашање.

Генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупцијата Љупчо Николовски изјави дека се синхронизрани одлуките и на партијата и на Владата за сѐ што изјавил и дообјаснил премиерот Зоран Заев во и по неговото интервју за бугарската БГНЕС во однос на историјата.

„Имаше објаснувања од претседателот, тоа се ставови и на Владата на СДСМ, граѓаните избраа европска иднина, потребно е лидерство со заштита на сите наши особености, на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет. Тоа првпат го добивме после долго време, првпат носиме храбри чекори и одлуки за признавање на нашиот јазик, храбри одлуки со кои државата стана членка на НАТО и сега го одиме овој европски пат. Така што, синхронизрани се одлуките и на партијата и на Владата во поглед на она што е изнесено и дообјасенто од страна на претседателот на Владата", одговори Николовски на новинарско прашање.

Интервјуто на премиерот Заев предизвика многубројни реакции во Македонија, а за прв пат по седум години со став за состојбите во СДСМ, се огласи и поранешниот претседател на Социјалдемократите и на Македонија Бранко Црвенковки. Тој оцени дека со изнесените ставови во поглед на македонскиот идентитет и јазик како и на историјата и на НОБ, Заев направил непоправлива штета врз политиката на СДСМ и на државата и побара расправа на Централниот oдбор на партијата на која ќе се донесе заклучок дека ставовите на Заев не се став на СДСМ. Тој конкретно побара потоа Централниот одбор да се врати на старите позиции во поглед на државните и национални интереси.

„Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ. Почитувањето и спроведувањето на таквите заклучоци да биде задолжително и без релативизирање за секој член на раководството на партијата и секој државен функционер предложен од СДСМ“, напиша Црвенковски во јавното обраќање до членството на партијата и најави дека дотогаш тој го замрзнува своето членство во СДСМ.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе