Во дебата за ТВ24

Генерал Ангелов: Македонија е многу поголема, амнестија за сите од случајот „27 април“

Во дебатната емисија на ТВ 24 генералот Стојанче Ангелов изјави дека по изборите пак ќе побара амнестија за осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Во однос на прашањето за заедничката историја со Бугарија Ангелов рече дека најголемиот дел на војводите одтоа време биле од пиринскиот, егејскиот и вардарскиот дел на територијата Македонија, а не од истокот на Бугарија.  

„Нашето име не е избришано, нашето име сѐ еуште е Македонија, барем именката Македонија сѐ уште постои, со тоа што пред именката имаме географска одредница северна и пред неа имаме република што го означува уставното уредување. Нашата држава која формално се нарекува Република Северна Македонија се наоѓа на дел од територијата на Македонија. Сите знаеме дека Македонија е многу поголема од парчето земја на кое денес се наоѓа нашата држава. Македонија се наоѓа и во северна Грција, или како што ние си ја викаме нашата Егејска Македонија или Беломорска Македонија, а Грција го нарекува регион Македонија“, изјави синоќа за ТВ 24 генералот Стојанче Ангелов, претседател на партијата Достоинство, дел од колаицијата на СДСМ.

„Сите знаеме дека Македонија ја има и на исток, тоа е Пиринска Македонија, во која што до ден денес живеат Македонци, така што не гледам дека ќе се случи нешто катаклизмично за нас Македонците и за нашата држава со тоа што е додена придавката северна која што само конкретизира дека се работи за северниот дел на територијата Македонија. Можеби после неколку години, кога ќе слегнат страстите, токму од овој момент, може да извлечеме некои позитивни конотации бидејќи ако има северна Македонија, треба да има и јужна Македонија, ако има Македонци кои што живеат во северна Македонија има и Македонци кои живеат во јужна Македонија. Грците иако сакаат да го земат нашиот македонски идентитет никогаш нема да се наречат Македонци, тие секогаш ќе се кажуваат Грци“, изјави Ангелов.

Во однос на историјата Ангелов вели дека таа на многу места се преплетува со историјата на Бугарија, но најголем дел од војводите биле од територијата на Македонија, јас не знам војводи, можеби затоа што не сум учел, од источните делови на Бугарија.

„Најголемиот дел на војводите биле од пиринскиот, егејскиот и вардарскиот дел на територијата Македонија. Јас никогаш не сум рекол дека брзопотезно ќе влеземе во ЕУ, тоа можеби ќе трае десетина години, можеби неколку децении, но ако гледаме од историски аспект, за една држава неколку децении не значат ништо. Сепак се надевам дека во рамка од 10-15 години ќе влеземе во ЕУ бидејќи во 21 век, во 2020 година, некоја држава да ви забранува да се нарекувате така како што се чувствувате е апсурд и мислам дека притисокот кон Бугарија од меѓународната заедница ќе биде голем и дека нема да имаме блокада на нашиот влез во ЕУ“.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година Ангелов вели дека прв повикал за амнестија на лицата кои изманипулирани и понесени од атмосферата влегоа во македонското Собрание.

„Во затвор е и началникот на специјалните полициски единици Митко. Јас му бев старешина. Тоа е едно младо и храбро момче кое јуначки се бореше во 2001 година. Јас гарантираам дека Митко не бил свесен што се случува ниту пак земал пари. Има златни деца. Сега Митко е во затвор. Колатералната штета е страшна. Чекам да завршат изборите за да покренам иницијатива за негова амнестија. Кога може ветераните од УЧК да бидат на слобода зошто овие луѓе, дури и да се виновни, да не бидат пуштени од затвор? Излезе дека Игор Спасов е најголем злосторник. И тој е еден прекрасен човек, татко на две мали деца, не е криминоген и е јунак од војната. Тој ми го спаси животот за време на конфликтите во 2001 година. Сега направи грешка што побегна. Но не заслужува таква драконска казна. Тој нема извршено убиство. Се надевам дека еден ден ќе имаме можност кога ќе ја одлежи казната или кога ќе се повтори процесот, да ја слушнете неговата верзија бидејки него најмногу го сатанизираа и искрено жалам за неговите две мали деца.

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе