Реакција

Генерал Ангелов: Ќосето треба да има споменик, но не пред судот

Андон Ќосето (1854-1953), херој на македонската борба за слобода. Лојален припадник, бескомпромисен борец и суров извршител на Организацијата, напиша денеска Стојанче Ангеллов на својот Фејсбук профил. Генералот Ангелов смета дека Ќосето заслужува да има споменик на некое репрезентативно место.

„За жал, поради масовната (зло)употреба на неговото име во дневно-политички и други цели, неговиот лик денес е извалкан и буди негативни емоции кај дел од македонскиот народ.

Но, без разлика на неговата патриотска величина, сепак, на споменикот на Ќосето местото не му е пред Судот. Ќосето не бил судија, ниту пак судел. Ќосето пресудувал. Им пресудувал на лицата на кои им судела Организацијата.

Затоа, споменик на Андон Ќосето треба да има, но на некоја друга репрезентативна локација од која нема да буди негативни емоции и асоцијации“, реагира Ангелов на решението на град Скопје да го отстрани споменикот на Ќосето од пред зградата на Врховниот суд.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе